Volkswagen тргнува во голема офанзива: Има за цел да ја контролира...

Volkswagen ги засили своите напори за доминација во електричната иднина на автомобилската индустрија. Најголемиот светски производител на автомобили објави дека има договор со шведскиот Northvolt за изградба на огромна фабрика за батерии во Германија. Volkswagen исто така ги потврди и датумите на производство на два нови модели кои се клучни за успехот на компанијата.
 
Германската фирма соопшти дека производството на литиум-јонски батерии ќе започне кон крајот на 2023 година или почетокот на 2024 година, потег што ќе биде клучна важност за способноста на Volkswagen да го спроведе она што го нарекува „најголема електрична офанзива во автомобилската индустрија во светот“.
Volkswagen планира да лансира скоро 70 нови електрични модели во следната деценија и се надева дека ќе произведе 22 милиони електрични автомобили во тој период.

Компанијата инвестира повеќе од 30 милијарди евра во електрификација на возила во текот на следните четири години, потег што е делумно поттикнат од притисок на регулаторите и скандалот со дизел емисиите. Доколку биде успешeн, Volkswagen би можел да ги надмине ривалите како Tesla и кинескиот BYD, во кој инвеститор е Ворен Бафет.

Голема победа за Европа

Литиум-јонските батерии, од кои најголемиот дел се произведуваат во Кина, се клучен дел од стратегијата за електрификација на Volkswagen. Батериите претставуваат околу една третина од трошоците на електричните автомобили, според консултантската куѓа Wood Mackenzie.
Во Кина е лоцирано околу 70% од глобалното производство на литиум-јонски батерии, а САД се на второ место со 12% удел, вели Симоне Талиапетра, експерт за клима и енергија во Bruegel, Европски центар за економски истражувања. Европа заостанува и има само околу 3% од глобалните производствени капацитети на литиумски батерии.
Договорот помеѓу Volkswagena и Northvolt претставува „многу значајна инвестиција за иднината на европското производство на батерии“, вели Талиапетра.
Volkswagen инвестира 900 милиони евра во заедничкиот потфат. Дел од парите ќе одат во германската фабрика, а останатите ќе му обезбедат на Volkswagen 20 проценти удел во Northvolt и место во неговиот одбор на директори.

Почнува производство на нови модели

Volkswagen исто така потврди дека производството на новата серија на  електрични автомобили ID.3 ќе започне во ноември, а првите модели ќе бидат испорачани на клиентите следната година.
Ограниченото издание ID.3 веќе е распродадено,чија што премиера се случи денеска 9 септември на Саемот за автомобили во Франкфурт. На Саемот ќе биде изложен и винтиџ електричниот модел на буба „Фолксваген“.
Porsche, една од водечките марки на Volkswagen, во петокот потврди дека na 9 септември ќе започне со производство на својот прв целосно електричен спортски автомобил, Таycan.

Најголема фабрика во Европа

Покрај инвестирањето во производство на батерии, Volkswagen вложува 1,2 милијарди евра во ремонт на својата фабрика за возила Zwickau, која претходно произведуваше мотори со внатрешно согорување, која што после реновирањето ќе произведува електрични автомобили.

Овој процес започна во 2018 година и се очекува да заврши до 2020 година.
Се очекува фабриката да произведува 330.000 возила годишно, со што ќе стане најголемата и најефикасна фабрика за електрични автомобили во Европа.