Кои се 10-те најголеми извозни пазари за македонските производи ?

Вкупниот извоз на македонски производи во првата половина годинава достигна 3,1 милијарда евра, што е раст од 14,1% во споредба со истиот период лани. Ако се анализира македонскиот извоз направен во првата половина годинава најголемиот дел или дури 49,3% е насочен кон Германија. Во Германија за првите шест месеци сме извезле производи во вредност од 1,55 милијарди евра, што е зголемување од 22%  во споредба со истиот период лани. Речиси целиот извоз кон Германија отпаѓа на…

повеќе

Србија годинава очекува над 1,4 милијарди евра од извоз на ИТ...

Србија годинава очекува да оствари над 1,4 милијарди евра од извоз на инфоматички и комуникациски технологии. Според податоците од Народната банка на Србија во првата половина годинава извозот на ИТ услуги е зголемен за 30% , додека извозот на ИТ услуги од 2007 до 2018 година е зголемен за дури осум пати. Од извоз на сите видови услуги Србија годинава очекува извозен приход од 7 милијарди евра Од Народната банка очекуваат извозот на услуги да продолжи…

повеќе

Турција е најголем извозник на лешници, цреши, смокви и кајсии во...

Една од водечките земји во Европа и светот во земјоделското производство, Турција е водечки производител и извозник на лешници, цреши, смокви и кајсии. Според соопштението објавено од Министерството за земјоделство и шумарство само од извозот на овие производи се остварени извозни приходи од 2,17 милијарди долари. Националниот приход на Турција во земјоделството се зголемил од 6 милијарди долари на 37 милијарди долари во последните 16 години. Во овој период, производството на овошје се зголемило од 13,3…

повеќе

Алкалоид со нова инвестиција од 11 милиони евра со која производниот...

Новата инвестиција ќе овозможи зголемување на капацитетите за производство на Алкалоид за најмалку 50%, односно од сегашниот капацитет од речиси 2 милијарди таблети и капсули годишно, на повеќе од 3 милијарди парчиња цврсти фармацевтски форми. Новите производни одделенија ќе се простираат на површина од 7.000 м² и ќе создадат услови за реализирање на околу 200 нови вработувања.   Посветеноста на перманентниот раст и развој, следењето на трендовите и најновите достигнувања во сферата на фармацијата, се главните…

повеќе

Косово се заканува со царини и блокади за увозот на македонски...

Состојбата со трговијата помеѓу Косово и Македонија би можела да ескалира и да премине во посериозна трговска војна ако властите не успеат да изнајдат заедничко решение за проблемот кој се јави откако Македонија забрани увоз на икри и млади риби од Косово, поради нивната непозната здравствена исправност, по што Косово се закани дека ќе воведе блокада на македонските компири и мед. Иако од македонската Агенција за храна објаснуваат дека блокадата ќе се тргне веднаш штом Косово…

повеќе

Македонија со извоз на домати од 12,6 мииони долари е 36-ти...

Вкупниот извоз на домати во светот во 2018 година достигна 9,5 милијарди долари, што е намалување од 5,2% во споредба со претхпдната година.  Гледано по континенти најголем извозник на домати се европските земји кои лани продале на странски пазари домати во вредност од 4,3 милијарди долари или 44,8% од вкупниот извоз на домарти во светот. Северна Америка е втор најголем извозник на домати со учество од 31,5% од вкупниот извоз, следат азиските земји кои обезбедуваат 14,5%…

повеќе

Германија принудена да го менува моделот на раст предводен од извозот...

Откако Германија се соочува со досега најголемо економско забавување, а економијата е на работ на рецесија, германскиот модел базиран на извозот се погласно се доведува во прашање, принудувајќи ги властите да размислуваат за менување на германската фискална политика. Според последните објавени податоци во средата, падот на извозот се чини највиновен за тоа што Германија е доведена на работ на рецесија. Целокупното производство во второто тримесечје падна за 0,1%, бидејќи американско-кинеската трговска војна и перспективите за Брегзит…

повеќе

Полскиот Соларис станa најголем производител на електрични автобуси во Европа

Трите големи нарачки од градовите Берлин, Милано и Варшава во последните неколку месеци го позиционираа полскиот производител на автобуси Соларис како најголем европски производител на електрични автобуси. Вкупно 470 возила ќе се произведат во фабриката на Соларис во близина на полскиот град Познан, за да ги исполнат трите нарачки, додека дополнителни 90 електрични автобуси, исто така, се договорени од помали градови низ Европа. Севкупно, моделот Urbino на компанијата Соларис моментално учествува со 25% од сите електрични…

повеќе

Во првата половина годинава најмногу сме извезувале машини и транспортни уреди,...

Во првата половина годинава македонските компании на странските пазари продале производи во вредност  од 3,1 милијарди евра, што е за 14,1% повеќе во споредба со извозот во истиот период лани. Увозот во истиот период е зголемен за 11,2% и достигна вкупна вредност од 4,08 милијарди евра со што покриеноста на увозот со извозот достигна 77,3%. Ако се гледа пак покриеноста, пак, на увозот со извозот само во јуни таа е уште повисока и достигнува рекордни  највисоки…

повеќе

Нова карго железничка линија ќе ги поврзува источна Кина и Унгарија

Стартуваше нова товарна железничка линија која ги поврзува Кина и Европа. Новата рута на железнички транспорт е од градот Јинан, кој е главен град на провинцијата Шандонг во источна Кина и Будимпешта, главниот град на Унгарија. Ова е петта товарна железничка линија што се отвара од градот Јинан кон Европа и Централна Азија, соопшти од градската канцеларија за пристаништа и логистика, додавајќи дека стоките сега можат да достигнат до 12 земји во Европа и Централна Азија…

повеќе