Македонската Влада заинтересирана да учествува во изградба на нуклеарката Белене

ЕСМ е меѓу компаниите, кои пројавиле интерес за учество во проектот Белене, потврдија за МИА од кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Владата доставила писмо за намери за учество во проектот Белене преку ЕСМ, а Анѓушев изминатиот период нагласуваше дека најбрзиот, наједноставниот и најевтиниот начин да обезбеди базна енергија на подолг рок е преку нуклеарната централа Белене во Бугарија и вклучување во нејзината изградба. Бугарската министерка за енергетика Теменужка Петкова денеска на брифинг со новинари истакна дека…

повеќе

Алкалоид со нова инвестиција од 11 милиони евра со која производниот...

Новата инвестиција ќе овозможи зголемување на капацитетите за производство на Алкалоид за најмалку 50%, односно од сегашниот капацитет од речиси 2 милијарди таблети и капсули годишно, на повеќе од 3 милијарди парчиња цврсти фармацевтски форми. Новите производни одделенија ќе се простираат на површина од 7.000 м² и ќе создадат услови за реализирање на околу 200 нови вработувања.   Посветеноста на перманентниот раст и развој, следењето на трендовите и најновите достигнувања во сферата на фармацијата, се главните…

повеќе

Косово се заканува со царини и блокади за увозот на македонски...

Состојбата со трговијата помеѓу Косово и Македонија би можела да ескалира и да премине во посериозна трговска војна ако властите не успеат да изнајдат заедничко решение за проблемот кој се јави откако Македонија забрани увоз на икри и млади риби од Косово, поради нивната непозната здравствена исправност, по што Косово се закани дека ќе воведе блокада на македонските компири и мед. Иако од македонската Агенција за храна објаснуваат дека блокадата ќе се тргне веднаш штом Косово…

повеќе

Во првата половина годинава најмногу сме извезувале машини и транспортни уреди,...

Во првата половина годинава македонските компании на странските пазари продале производи во вредност  од 3,1 милијарди евра, што е за 14,1% повеќе во споредба со извозот во истиот период лани. Увозот во истиот период е зголемен за 11,2% и достигна вкупна вредност од 4,08 милијарди евра со што покриеноста на увозот со извозот достигна 77,3%. Ако се гледа пак покриеноста, пак, на увозот со извозот само во јуни таа е уште повисока и достигнува рекордни  највисоки…

повеќе

Лоши вести од Германија, најсилната европска економија е технички во рецесија

Tpгoвcĸитe ĸoнфлиĸти и cлaбaтa cвeтска ĸoњуĸтypa дoнecoa пpoблeми зa cилнo извозната opиeнтиpaнa еĸoнoмијa нa Гepмaниja. Најголемиот извозник нa Eвpoпa бeлежи пaд нa БДП во втopoтo тpимeceчиe oд 0,1%. Зa cпоредба, во пpвото тpимeceчиe германската еĸoнoмијa имашe слаб економски раст од само0,4%. Лoшaтa вест e што oчеĸувaњатa нa економските аналитичари се во слeдното тpимeceчиe дa продолжи тpeндот нa пaд, што ќе знaчи и oфицијaлнo влегување на германската економија во peцecија. Речиси сите индиĸaтopи пpeдвидуваaт токму вaĸво cцeнapио….

повеќе

Македонските туристи сè помалку летуваат на Халкидики

Анализа на Капитал за тоа каде летуваат македонските граѓани последниве години Македонските туристи сè помалку летуваат на Халкидики, а сè повеќе во другите земји од регионот   Од 2015 наваму двојно намален бројот на влезови и ноќевања во соседна Грција Од грчката официјална статистика се гледа дека бројот на македонски граѓани што влегуваат и престојуваат во оваа земја повеќе денови се намалува последниве неколку години – поточно, ако во 2015 година на влез во Грција биле…

повеќе

Извозот на Алкалоид надмина 59 милиони евра во првата половина година,...

Фармацевтската компанија Алкалоид објави дека првата половина годинава остварила вкупни консолидирани продажби од 5.527.969.892 денари или близу 90 милиони евра, што е раст за 15% во споредба со истиот период лани. Дури 66% од вкупните консолидирани продажби на Алаклоид во овој период се од продажби на странски пазари, а 33% се од продажба на домашниот пазар. Консолидираниот извоз на Алкалоид во првите шест месеци изнесува 3.638.592 илјади денари или 59,1 милиони евра , што е раст…

повеќе

Извезуваме седишта за европската автоиндустрија вредни 200 милиони евра

  Извезуваме седишта за европската автоиндустрија вредни 200 милиони евра     Македонските компании во текот на изминатата 2018 година извезле мебел и разни делови од мебел во вредност од 244 милиони евра, што е 20% раст за една година. Извозот на мебел и делови од мебел бележи голем раст во изминативе пет години. Така, податоците покажуваат дека извозот на мебел и делови од мебел во 2014 година изнесувал 76,3 милиони евра, што е раст од…

повеќе

Алкалоид со дополнително вложување во друштвото кое го поседува во Словенија

Фармацевтската компанија Алкалоид АД Скопје информира дека е реализирано дополнително вложување во Република Словенија Алкалоид АД Скопје изврши дополнително вложување во постојното друштво во Република Словенија, по пат на зголемување на основната главнина. “Вложувањето се изврши во АЛКА-ЛАБ ДОО Љубљана, каде што се вложени 400 илјади евра наменети за проширување на капацитетите на хемиската лабораторија за тестирање на лекови, информираат од Алкалоид. Друштвото во Словенија е 100% сопственост на Алкалоид АД Скопје. Со оваа инвестиција Алкалоид…

повеќе

Македонија повеќе извезува компјутерски услуги отколку земјоделски производи!!

Извозот на компјутерски и информациски услуги од земјава минатата година надмина 160 милиони евра, достигнувајќи рекордна досега вредност. На годишно ниво извозот на  компјутерски и информациски услуги е зголемен за 25,8% или за 33 милиони евра. Но, ако се спореди со извозот од овој сектор од пред пет години кога извозот изнесувал 60 милиони евра, тогаш зголемувањето на извозот е 167%. Компјутерските услуги е меѓу малкуте сектори каде земјава има нето извозен приход, односно повеќе извезува…

повеќе