Германија принудена да го менува моделот на раст предводен од извозот...

Откако Германија се соочува со досега најголемо економско забавување, а економијата е на работ на рецесија, германскиот модел базиран на извозот се погласно се доведува во прашање, принудувајќи ги властите да размислуваат за менување на германската фискална политика. Според последните објавени податоци во средата, падот на извозот се чини највиновен за тоа што Германија е доведена на работ на рецесија. Целокупното производство во второто тримесечје падна за 0,1%, бидејќи американско-кинеската трговска војна и перспективите за Брегзит…

повеќе

Полскиот Соларис станa најголем производител на електрични автобуси во Европа

Трите големи нарачки од градовите Берлин, Милано и Варшава во последните неколку месеци го позиционираа полскиот производител на автобуси Соларис како најголем европски производител на електрични автобуси. Вкупно 470 возила ќе се произведат во фабриката на Соларис во близина на полскиот град Познан, за да ги исполнат трите нарачки, додека дополнителни 90 електрични автобуси, исто така, се договорени од помали градови низ Европа. Севкупно, моделот Urbino на компанијата Соларис моментално учествува со 25% од сите електрични…

повеќе

Нова карго железничка линија ќе ги поврзува источна Кина и Унгарија

Стартуваше нова товарна железничка линија која ги поврзува Кина и Европа. Новата рута на железнички транспорт е од градот Јинан, кој е главен град на провинцијата Шандонг во источна Кина и Будимпешта, главниот град на Унгарија. Ова е петта товарна железничка линија што се отвара од градот Јинан кон Европа и Централна Азија, соопшти од градската канцеларија за пристаништа и логистика, додавајќи дека стоките сега можат да достигнат до 12 земји во Европа и Централна Азија…

повеќе

Германската економија забавува, на повидок можна рецесија

Германската економија веќе не се соочува само со привремени тешкотии, туку со продолжен пад што се заканува да заврши со рецесија, бидејќи компаниите што се потпираат на извоз се соочуваат со се послаби изгледи за раст, покажува истражувањето спроведено од страна на агенцијата Dpa меѓу германските економисти. Германската економија се соочува со низа проблеми, почнувајќи од слабеење на глобалната трговија и слаб автомобилски сектор, до засилена политичка неизвесност околу трговските спорови, ситуацијата во Италија и Брегзит….

повеќе

Африка станува најголема зона на слободна трговија. Еве што тоа ќе...

Лидерите од 54 африкански земји се согласија да започнат проширување на зоната за слободна трговија. Лидерите на континентот очекуваат со огромниот договор да се поврзат 1,3 милијарди луѓе и да создаде економски блок од 3,4 милијарди долари. Исто така, ќе се зголеми трговијата на континентот. Африканската континентална зона на слободна трговија, која стапи во сила во мај, веќе ја најави најголемата економија на континентот. AFCFTA ќе биде најголемата светска слободна трговска зона од основањето на Светската трговска организација во…

повеќе

Audi инвестира 126 милиони евра во Унгарија

Германскиот производител на автомобили Audi ќе инвестира 126 милиони евра во проширување на својата фабрика во Унгарија со производна линија за производство на електромотори. Унгарската влада ја поддржи оваа инвестиција со грант од 20 милиони евра, која се планира да отвори нови 250 работни места. Унгарија очекува автомобилскиот сектор да достигне нови рекорди. Во првите пет месеци годинава производството во автомобилската индустрија во Унгарија порасна за 12% на годишно ниво. Според информациите од Audi, проектор се…

повеќе

Дaнoчнaтa peфopмa нa Tpaмп вpaти 900 милијаpди долари од странство во...

  Во 2018 гoдинa ĸoмпaниитe cо ceдиштe во CАД прикажале заработка oд 531 милијapди долари во странство, што е зголемување oд 13% во споредба со пpeтxoднaтa гoдинa. Во текот на изминатата година американските компании вратиле peĸopдни 777 милијарди во САД, а дополнително во првиот квартал од 2019 година компаниите со седиште во странство вратиле уште 100 милијарди долари”, пoĸaжувaaт податоците од извештајот на Меrіll. Πpeд пpoмeнитe кои стапија на cилa на почетокот на 2018 година, ĸoмпaниитe пpeтпoчитaa…

повеќе

Полска најголем производител на црни рибизли во ЕУ и втора во...

    Полска е најголем производител на црна рибизла во Европската унија (ЕУ) и втора по големина во светот, после Руската Федерација, покажуваат податоците презентирани од Националниот центар за поддршка на земјоделството.   Во последниве години, вкупната големина на плантажите со црна рибизла во Полска изнесува околу 44.000 хектари, со годишно  производство, кое во зависност од временските услови, достигнува меѓу 100.000 и 125.000 тони. Околу 38 % од плодот се извезува, главно во замрзната форма, и…

повеќе

Kина воведува aнтидампинг царини за производи од челик од ЕУ, Јапонија,...

Кина објави дека ќе наметне анти-дампинг давачки за некои производи од нерѓосувачки челик, увезени од Европската унија, Јапонија, Јужна Кореја и Индонезија. Анти-дампинг царините од 18,1% до 103,1% ќе бидат применети на производи од нерѓосувачки челик и топло валани лимови од нерѓосувачки челик од компаниите во ЕУ и трите азиски земји, кои ќе почнат да применуваат од 23 јули, се вели во соопштението на кинеското Министерство за трговија. Одлуката следи по анти-дампинг истрагата во јули минатата…

повеќе

Турција годинава ќе обезбеди 570 милиони долари поддршка за извозниците

Турција ќе ги поддржи турските извозници со 570 милијарди долари во 2019 година со цел да се зголеми извозот со додадена вредност, објави турското министерство за трговија. Во 2018 година, и покрај глобалните трговски војни, економското забавување и зголемените геополитички ризици, Турција достигна извоз од 168,1 милијарди долари, што е историски рекорд. Извозот на Турција се зголемил за 7,1 % во 2018 година, притоа намалувајќи го надворешно-трговскиот дефицит за 28,4%, на 55 милијарди долари. Увозот, пак,…

повеќе