Србија годинава очекува над 1,4 милијарди евра од извоз на ИТ...

Србија годинава очекува да оствари над 1,4 милијарди евра од извоз на инфоматички и комуникациски технологии. Според податоците од Народната банка на Србија во првата половина годинава извозот на ИТ услуги е зголемен за 30% , додека извозот на ИТ услуги од 2007 до 2018 година е зголемен за дури осум пати. Од извоз на сите видови услуги Србија годинава очекува извозен приход од 7 милијарди евра Од Народната банка очекуваат извозот на услуги да продолжи…

повеќе

Јапонскиот производител на гуми “Toyo Tires” ќе гради фабрика во Србија...

Јапонската компанија Toyo Tire Corporation oодлучи својата прва фабрика во Европа да ја гради фабрика во српската зона Инџија, инвестирајќи 390 милиони евра (434,7 милиони американски долари) во првата фаза на проектот, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Во фабриката е планирано во правата фаза да има 539 вработени.  „Toyo Tire“ планира да започне со изградба на фабриката во Србија во мај 2020 година, а со производство на гуми да почне во јануари 2022 година, со…

повеќе

Грција ја намалува најниската стапка на персоналецот на 9%

Новата влада на Грција предводена од Киријакоц Мицотакис ќе ја намали најниската стапка на данокот на персонален доход од сегашните 22% на 9% за првите 10.000 евра. Со новите даночни измени, вработените, самовработените професионалци и пензионерите кои имаат приходи од над 9.000 евра годишно или 750 евра месечно ќе имаат заштеда од 180 евра на годишно ниво. Ова даночно намалување ќе ја чини Грција околу 500 милиони евра со оглед дека дури 2,8 милиони граѓани ќе…

повеќе

Хрватска со кампања ќе промовира здравствен туризам во 11 европски земји

  Хрватската туристичка заедница (ХТЗ) започнува со промоција на здравствениот туризам на 11 европски пазари, преку која до 30 септември ќе се обиде преку разни пораки да поттикне доаѓање на туристи заинтересирани за оваа понуда. Маркетинг кампањата за здравствен туризам Хрватска  ќе ја спроведува во Германија, Словенија, Австрија, Велика Британија, Франција, Италија, Холандија, Русија, Шведска, Норвешка и Данска, преку онлајн рекламирање и дигитално амбиентално рекламирање (на големи згради, одредени видови дисплеи со пораки, , слики и…

повеќе

ММФ предупредува: Регионот би можел да остари пред да се збогати...

ММФ: За 30 години бројот на работници во регионот на средна, источна и југоисточна Европа ќе се намали за дури 25% Земјите во Средна, Источна и Југоисточна Европа во следните 30 години би можеле да се соочат со големо намалување на работната сила, предупреди денеска заменик-директорот на ММФ, Тао Жанг, кој, покрај мерките за зголемување на работната сила и нејзината ефикасност, ги истакнува и предности на технолошкиот развој.   Жанг, кој учествува на Меѓународна конференција “Демографија,…

повеќе

Хрватскиот бизнисмен Тедески недостатокот на работници ќе го решава со роботи

Хрватската компанија Атлантик Група воведува роботи во магацините   Хрватската компанија за роботика “Gideon Brothers” започна пилот-проект со хрватската компанија за храна, пијалоци и дистрибуција Атлантик Група, во сопственост на бизнисмеот Емил Тедески. Проектот вклучува интеграција на роботски систем во системот за управување со магацини (WMS) на Атлантик Група, се вели во соопштението на компанијата. За потребите на проектот, Gideon Brothers ќе работи со Symphony RetailAI, обезбедувач на софтверот WMS за Атлантик Група. Во новиот логистички…

повеќе

Македонскиот извоз седум пати помал од извозот на Словенија

  Словенија планира да го зголеми извозот за речиси 30% до 2025 година Словенија планира да го зголеми извозот на 50 милијарди евра до 2025 година, од минатогодишниот рекорд од 39 милијарди евра. Според министерот за економија на Словенија Здравко Почивалшек оваа цел ќе биде достигната преку поддршка на извозниците, привлекување на повеќе странски директни инвестиции во производство за извоз и обезбедување стабилно и конкурентно економско опкружување за компаниите кои извезуваат. “Мораме да го зголемиме бројот…

повеќе

Дури 70% од сите гринфилд проекти во Западен Балкан лани отишле...

Изминатата 2018 година Западен Балкан привлекол рекордно најголеми гринфилд странски инвестиции во изминатата деценија од дури 9.36 милијарди долари. Најглем дел од овие проект во вредност од близу шест милијарди долари или 70% ги привлекла Србија, земја со најголем број жители во регионот, пишува fDi Intelligence, специјализираниот сервис на Financial Times. И покрај тоа што е надвор од ЕУ, регионот на Западен Балкан привлекол 147 гринфилд странски директни инвестиции, што е најголем број од 2003 година…

повеќе

Европската инвестициска банка го зголемува кредитирањето во Западен Балкан

Европската инвестициона банка (ЕИБ) најави дека ќе го прошири своето инвестициско портфолио во Западен Балкан, давајќи приоритет на конкурентноста, иновациите и климатските проекти. Говорејќи на Самитот за Западен Балкан во Познањ, претседателот на ЕИБ Вернер Хојер рече дека Полска може да биде пример за Западен Балкан што ќе го следи. “Групата на ЕИБ ја придружуваше успешната приказна на Полска со инвестиции од 64,2 милијарди евра во корист на своите граѓани од 1990 година”, рече Хојер. “Банката…

повеќе

Ова се најголемите српски извозници

Најголемите 15 извозници во Србија за првите пет месеци годинава направиле извоз од 1,7 милијарди евра, покажува листата на најголеми извозни компании која секој месец ја објавува Министерството за финансии на Србија. Прва на листата најголеми извозници во соседна Србија во првите пет месеци годинава е смедеревската железара HBIS со извоз вреден 313,2 милиони евра. На второ место е производителот на автомобили Fiat (FCA) од Крагуевац со извоз вреден 251,6 милиони евра,  а на третото место…

повеќе