Кои се 10-те најголеми извозни пазари за македонските производи ?

Вкупниот извоз на македонски производи во првата половина годинава достигна 3,1 милијарда евра, што е раст од 14,1% во споредба со истиот период лани. Ако се анализира македонскиот извоз направен во првата половина годинава најголемиот дел или дури 49,3% е насочен кон Германија. Во Германија за првите шест месеци сме извезле производи во вредност од 1,55 милијарди евра, што е зголемување од 22%  во споредба со истиот период лани. Речиси целиот извоз кон Германија отпаѓа на…

повеќе

Македонската Влада заинтересирана да учествува во изградба на нуклеарката Белене

ЕСМ е меѓу компаниите, кои пројавиле интерес за учество во проектот Белене, потврдија за МИА од кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Владата доставила писмо за намери за учество во проектот Белене преку ЕСМ, а Анѓушев изминатиот период нагласуваше дека најбрзиот, наједноставниот и најевтиниот начин да обезбеди базна енергија на подолг рок е преку нуклеарната централа Белене во Бугарија и вклучување во нејзината изградба. Бугарската министерка за енергетика Теменужка Петкова денеска на брифинг со новинари истакна дека…

повеќе

Косово се заканува со царини и блокади за увозот на македонски...

Состојбата со трговијата помеѓу Косово и Македонија би можела да ескалира и да премине во посериозна трговска војна ако властите не успеат да изнајдат заедничко решение за проблемот кој се јави откако Македонија забрани увоз на икри и млади риби од Косово, поради нивната непозната здравствена исправност, по што Косово се закани дека ќе воведе блокада на македонските компири и мед. Иако од македонската Агенција за храна објаснуваат дека блокадата ќе се тргне веднаш штом Косово…

повеќе

Македонија со извоз на домати од 12,6 мииони долари е 36-ти...

Вкупниот извоз на домати во светот во 2018 година достигна 9,5 милијарди долари, што е намалување од 5,2% во споредба со претхпдната година.  Гледано по континенти најголем извозник на домати се европските земји кои лани продале на странски пазари домати во вредност од 4,3 милијарди долари или 44,8% од вкупниот извоз на домарти во светот. Северна Америка е втор најголем извозник на домати со учество од 31,5% од вкупниот извоз, следат азиските земји кои обезбедуваат 14,5%…

повеќе

Во првата половина годинава најмногу сме извезувале машини и транспортни уреди,...

Во првата половина годинава македонските компании на странските пазари продале производи во вредност  од 3,1 милијарди евра, што е за 14,1% повеќе во споредба со извозот во истиот период лани. Увозот во истиот период е зголемен за 11,2% и достигна вкупна вредност од 4,08 милијарди евра со што покриеноста на увозот со извозот достигна 77,3%. Ако се гледа пак покриеноста, пак, на увозот со извозот само во јуни таа е уште повисока и достигнува рекордни  највисоки…

повеќе

Витаминка со извоз од 7,4 милиони евра во првата половина годинава,...

Македонската компанија Витаминка во првата половина годинава на странските пазари продала производи во вредност од 7,4 милиони евра, што е раст од 22 % во споредба со истиот период лани. Продажбите на Витаминка на домашниот пазар се зголемени за 17% и за првите шест месеци годинава изнесувале 10,7 милиони евра. Извозните приходи на Витаминка учествуваат со 40% во вкупните приходи од продажба на компанијата, кои во првата половина годинаа надминаа 18 милиони евра и се зголемени…

повеќе

Во јуни Македонија ја посетиле близу 90 илјади странски туристи, за...

Во јуни годинава Македонија ја посетиле близу 90 илјади странски туристи, што е раст од 16,9% во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Главниот град Скопје бил најпосетуван од 37.743 странски туристи. Втора најпосетувана локација биле  езерските места каде се упатиле  35.276 странски туристи. Најголем дел од странските туристи кој во јуни ја посетиле нашата земја престојувале во хотели со четири и пет ѕвезди. Ако бројките се анализираат од…

повеќе

Македонија и Србија заемно ќе ги признаваат одобренијата за економски овластен...

Македонската Влада на вчерашната седница го одобри потпишувањето на Спогодба со соседна Република Србија за заемно признавање на одобренија за овластен економски оператор за безбедност и сигурност (ОЕОС). Директорот на Царината Ѓоко Танасоски е овластен да ја потпише Спогодбата која се очекува да донесе забрзување и олеснување на на трговијата помеѓу двете земји. Статусот на Овластен економски оператор (ОЕО)  е меѓународно признаена марка за квалитет, која укажува на тоа дека економските оператори во Република Северна Македонија…

повеќе

Ликовите на Minions  на смоките Стоби Флипс за пазарот на Велика...

Мега популарните „Minions“ ќе се аплицираат на Стоби Флипс со вкус на сирење што ќе се најде во маркетите во Велика Британија до крајот на септември 2019-та година. „Витаминка“ се стекна со право на користење на ликовите „Minions“ за производство на продукти од сопствената производна програма. Станува збор за бренд што е сопственост на една од водечките светски медиумски компании за развој, производството и маркетинг на забавни содржини, вести и информации за глобалната публика „NBCUniversal“. За…

повеќе

Македонија 28 извозник на вино во светот со извоз од 60,2...

Вкупниот извоз на вино на светско ниво во изминатата 2018 година достигна 37,4 милијарди долари, што е раст од 5,4% во споредба со претходната година. За изминатите четири години светскиот извоз на вино е зголемен за 7,5% . Најголем извоз на светско ниво имала Европската унија во вредност ид 27,1 милијарди долари или дури 72,5% од вкупниот извоз на вино. Следат вината од Австралија и Нов Зеланд со 9% од вкупниот извоз на вино, по кои…

повеќе