10 златни правила за бизнисите кои планираат излез на нови пазари...

Пристапот до поголемите пазари, до пазарите во развој, како и на специјализираните пазари, на кои производите или услугите на една компанија се ретки или уникатни, е сè почеста причина заради која сопствениците и менаџерите на фирмите размислуваат за интернационализација или за продажба на странски пазари.
Сепак, воспоставувањето меѓународна соработка и партнерства бара основни вештини и вклучува вложување многу време и труд, како и дополнителни трошоци.
Во продолжение се 10 златни правила за фирмите кои планираат да почнат да продаваат на некој нов странски пазар.
  1. Пронајдете специфична ниша на пазарот. 
  2. Бидете конкурентни со производот или услугата.
  3. Дознајте кои се фирмите кои ќе ви бидат главни конкуренти
  4. Бидете чесни и прилагодете се на земјата во која сакате да работите
  5. Бидете професионални и исполнителни
  6. Бидете темелни
  7. Почитувајте ги културните разлики
  8. Планирајте долгорочно
  9. Бидете трпеливи
  10. Бидете подготвени да вложите многу пари без гаранција дека ќе ви се вратат