ЃOКО ТАНАСОВСКИ

Започнува нова ера на дигитална Царина                                       

ЃOКО ТАНАСОВСКИ

директор на Царинска управа на Северна Македонија

Во овој период од кога сум назначен за директор Царинската управа започна ново поглавје во своето работење – прифатен е Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) што треба да го замени досегашниот систем за обработка на царински декларации АСИКУДА. Со овој систем радикално ќе се измени начинот на царинско работење. Овој софтвер што треба да ги обедини сите компоненти на царинското работење (извоз, увоз и транзит) треба да биде клучна алатка за развој на дигиталната царина и на безхартиената околина.

На чело на Царинската управа сте речиси една и пол година. Кои се вашите поголеми достигнувања за овој период?

Најголемо достигнување е што Царинската управа стана партнер на деловната заедница, промотор и активен учесник во олеснувањето на трговијата, креатор на многу иницијативи за подобрување на деловната клима, бранител на сигурноста и безбедноста на општеството и творец на концептот за дигитална царина.

Во овој период од кога сум назначен за директор Царинската управа започна ново поглавје во своето работење – прифатен е Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) што треба да го замени досегашниот систем за обработка на царински декларации АСИКУДА. Со овој систем радикално ќе се измени начинот на царинско работење. Овој софтвер што треба да ги обедини сите компоненти на царинското работење (извоз, увоз и транзит) треба да биде клучна алатка за развој на дигиталната царина и на безхартиената околина.

Со подобрување на царинското законодавство и оперативните постапки воведовме Програма за овластен економски оператор (ОЕО) – нов концепт за поедноставување на царинските постапки преку сертифицирање на економските оператори (увозници, извозници, шпедитери, производители, транспортери). Овластениот економски оператор како нов концепт на економските оператори од Северна Македонија треба да им овозможи силна интеграција во глобалните синџири на снабдување и помалку царински проверки во рамките на ЦЕФТА регионот, а понатаму и во земјите од ЕУ. Со Програмата за ОЕО во Република Северна Македонија, две компании добија одобрение за ОЕО, а осум се во постапка на добивање. Овие десет компании учествуваат со околу една третина во надворешно-трговските активности.

Со силна помош од Европската Унија преку ИПА програмите го пуштивме во употреба целосно реконструираниот и модернизиран граничен премин Табановце, а на граничниот премин Ќафасан е изграден нов царински терминал со објекти за царинење и спроведување на инспекциски контроли. Овие проекти покрај подобрените услови за работа треба наскоро да бидат точки каде треба да се вршат заедничките царински контроли со соседните земји Србија и Албанија.

Во услови на сериозни предизвици, преку унапредување на организациската поставеност и начинот на работењето, поедноставување на работните процеси и модернизирање на информатичките системи, успеавме да го подобриме угледот на царинската служба, не само во државата, туку и на меѓународно ниво. Успеавме да поставиме баланс помеѓу двете основни функции, да бидеме чувар на финансиските интереси на државата и да го унапредиме економскиот амбиент преку мерки за олеснување на трговијата и транспортот.

Како показател на зголемената доверба со бизнис заедницата, почна да се применува законската измена за намалување на казните за сторени прекршоци за 50%. Во насока на засилување на капацитетите за контрола при царинење, царинската лабораторија доби нова, модерна и пософистицирана опрема.

Исто така во овој период успеавме и да се приклучивме кон светскиот тренд на доживотно учење со континуирано одржување на професионални обуки. На нашата веб страна од неодамна се достапни курсеви за електронско учење за сите најважни аспекти на царинското работење, усогласени со програмата за електронско учење на европското царинско законодавство.


Дигиталната царина е најважниот услов за модернизирање на царинското работење. Овој проект има основна цел да ги замени хартиените царински постапки со електронски безхартиени постапки и да обезбеди услови за ефикасно и брзо царинско работење. Дигиталната царина има две цели: да ја олесни трговијата и да ја засили и подобри безбедноста на границите. На овој начин, погодности ќе имаат и граѓаните и учесниците во царинската постапка.


6Наскоро започнува проектот за дигитална Царина. Што практично ќе значи тоа?

Воспоставувањето на дигитална Царина е еден од стратешките приоритети на Царинска управа. Имајќи ја во предвид комплексноста на развојот на дигитализацијата, сериозно пристапуваме кон обезбедување на неопходните предуслови како што се обезбедување на потребните финансиски и човечки ресурси, за што наидуваме на голема поддршка од Владата. Исто така, од големо значење е подготвеноста на сите учесници во овој процес. Тука мислам на бизнис заедницата и другите надлежни владини институции, но и компаниите од ИТ секторот кои треба да бидат подготвени да одговорат на предизвиците во обезбедувањето на потребната поддршка во одржувањето на тековните и развојот на новите царински системи.

Дигиталната царина е најважниот услов за модернизирање на царинското работење. Овој проект има основна цел да ги замени хартиените царински постапки со електронски безхартиени постапки и да обезбеди услови за ефикасно и брзо царинско работење. Дигиталната царина има две цели: да ја олесни трговијата и да ја засили и подобри безбедноста на границите. На овој начин, погодности ќе имаат и граѓаните и учесниците во царинската постапка.

Најзначаен сегмент од воведувањето на дигитална царина е имплементацијата новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи – СОЦДАД, бидејќи овај систем во себе ги опфаќа најголемиот дел од царинските увозно-извозни постапки. Овој систем започна да се применува во царинското работење од февруари оваа година како пилот проект и се очекува да биде целосно ставен во функција до јули 2019 година. Истовремено, СОЦДАД ги поврзува и интегрира и останатите електронски царински системи за транзит -NCTS, за интегрирана тарифна околина – ИТО и едношалтерскиот систем за добивање на дозволи за увоз и извоз EXIM, кои досега работеа изолирано. Исто така тој обезбедува и размена на сервиси со системите на другите државни институции. Тоа ќе придонесе за поголема ефикасност и забрзување на царинските постапки, намалување на трошоците за извозниците и производителите, зголемување на транспаретноста, а истовремено ќе претставува добра основа за исполнување на националните стандарди за компатибилност со европските царински системи.

Колку Царината помага на олеснувањето на трговијата и засилување на контролите?

Сложените и скапи царински постапки претставуваат сериозен предизвик за сите компании без оглед на нивната големина во меѓународната трговија – особено за малите и средните претпријатија. Олеснувањето на трговијата во суштина претставува сет на мерки што во најголема мера треба да се применат од страна на Царинската управа со цел да се забрза минувањето и размената на стоки преку граница.

Неодамнешните студии на Светската трговска организација (СТО) укажуваат дека подобрувањето на граничните контроли на светско ниво можат да придонесат за зголемување на глобалната трговија за околу 1.000 милијарди долари на годишно ниво, потврдувајќи дека олеснувањето на трговијата може да има многу поголем ефект на меѓународната трговијата, многу поголемо отколку понатамошното укинување на преостанатите царински стапки.

Во наредниот период планираме да преземеме дополнителни активности за имплементација на реформите за олеснување на трговијата преку: поголема и транспарентна достапност на информации потребни за увоз- извоз на стоки, нови софтверски решенија за обработка на царински декларации – без хартија и воведување на систем за следење на “pre-arrival” информации што ќе овозможи сите царински процедури да бидат завршени во внатрешноста, а преку границите пратките слободно да поминуваат без дополнителни задржувања.

Управувањето со ризик при царинските контроли, исто така е една од алатките која овозможува забрзување на царинската постапка за економските оператори кои ги почитуваат царинските и други прописи поврзани со увозот, транзитот и извозот на стоки, без притоа да се намали ефективноста, ефикасноста и резултатите при вршењето на царинските контроли. Затоа посветуваме големо внимание на постојано подобрување на системот за анализа на ризик од сите аспекти.

Соработката помеѓу Асоцијацијата за е-трговија и Царинска управа преку
поедноставувањето на увозните постапки за брзи пратки придонесе крајните корисници да заштедат време, да се зголеми ефикасноста при испорака на пратки и да се избегнат административните процедури кои беше потребно да се обезбедат од страна на примачот пред да се подигне пратката.

Новата постапка за царинење на брзите пратки претставува поедноставување на самата царинска постапка за пратките коишто доаѓаат преку брзите пошти. Имено, граѓаните и фирмите кои добиваат пратки преку Интернет, во иднина нема да мораат да доаѓаат на царина како би извршиле декларирање, подигање и плаќање на самиот царински долг. Во овој случај брзите пошти стануваат декларант, со што се скратува постапката за царинско ослободување на стоката која доаѓа преку Интернет и се овозможува скратување на времето за испорака, кое во некој просек досега се движише од околу 72 часови, а сега од 72 часови ќе се намали на 24 часови.

pustanje na terminal tabanovceКако напредува проектот за заеднички контроли на граничните премини?

Одамна е потврдено дека при извршувањето на надворешно-трговските активности во сите земји на Западен Балкан најмногу време се троши на минувањето на границите и спроведувањето на царинските и граничните формалности. Ваквото нешто во најголема мерка произлегува од различните гранични формалности што се спроведуваат при увозот и извозот на стоки.

Во овој контекст, Договорот за олеснување на трговијата на СТО и Берлинскиот процес за Западен Балкан, препорачуваат земјите од Западен Балкан да воспостават заеднички гранични контроли, со цел да го олеснат и забрзаат извозот, увозот и транзитот на стоките.

Република Северна Македонија заедно со Република Србија ќе бидат првите земји од Западен Балкан што ќе воспостават заедничка гранична контрола, со што ќе се обезбеди заедничко извршување на граничните и царинските формалности при движењето на стоките и патници. Со овој концепт Република Северна Македонија е првата земја од групата земји од Коридор 10 што го прави овој коридор поатрактивен и поефикасен за извоз, увоз и транзит на стоки.

Во изминатиов период Царинската управа со финансиска помош на Европската Унија и на Владата на Република Македонија изврши реконструкција и модернизација на инфраструктурата на граничниот премин на Табановце со што се остварени сите предуслови за започнување на заедничките контроли.
Подготовката за воведување на концептот за заеднички гранични контроли на ГП Табановце –Прешево е во напредна фаза. Во неколку наврати делегации (заедничка работна група) на двете држави  одржаа работни состаноци на кои се разгледувани повеќе модели. Од истите, неодамна, е избран најповолниот врз основа на кој се подготвува соодветен договор за негово воведување, а паралелно се подготвуваат и соодветни инфраструктурни зафати за негово функционирање. Со воспоставувањето на новиот начин на работа преку заедничката гранична контрола, коридорот 10 ќе биде конкуретна транзитна рута, при што е потврдено дека подобрената транспортна поврзаност значи подобар живот за граѓаните и подобри услови извоз и увоз на стоки за деловната заедница.
Во поглед на заеднички контроли на ГП Ќафасан со Албанија, градбата на новиот царински терминал заврши минатиот месец и истиот се наоѓа во тестна (пробна) фаза на користење. По нејзиниот истек ќе се пристапи кон практично определување на моделот кој ќе се користи во работењето, за воведувањето на концептот. Очекуваме набрзо да почнат и преговорите за негова реализација. Исто така, во иницијална фаза се разговорите за воспоставување на заеднички контроли со Бугарија и Грција.

Царинската управа на Република Северна Македонија со поддршка на Владата ќе биде водечка институција за спроведување на овој проект, како приоритетит на Владата на Република Северна Македонија што ќе предвидува хармонизација и стандардизација на царинските и полициските формалности, поголема регионална соработка и создавање на функционална регионална економска област, што ќе придонесе Република Северна Македонија да биде силно интегрирана во глобалните синџири на снабдување.

Царината игра важна улога во Националниот комитет за олеснување на трговијата. Што е досега постигнато на ова поле?

Националниот комитет за олеснување на трговија формиран е во октомври 2017 година, и го сочинуваат вкупно 22 институции и тоа 16 државни институции, 3-те економски комори и 3-те асоцијации за превоз и шпедиција. Целта на постоење на ваков комитет е да се олесни домашната координација во однос на примена на одредбите од Спогодбата за олеснување на трговијата, која е составен дел на Светската трговска организација (СТО).

Членовите на Националниот комитет интензивно работат на поедноставување на  царинските постапки преку ефикасна соработка помеѓу царината и надлежните органи за контрола при увозот, извозот и транзитот на стоките, создавање на заеднички систем за управување со ризик со соседните земји, ревизија и надградба на постапките за електронско издавање на дозволи за извоз, увоз и транзит на стоки, како и на постапките за распределба на стоките пред тие да пристигнат на граница за вршење на царинска контрола.

Царинската управа во процесот на олеснување на трговијата активно учествува и претставува една од клучните институции во Националниот комитет за олеснување на трговијата. Во соработка со УСАИД и Царинската управа на Хрватска изготвен е извештај за оценка и елиминирање на непотребните нетарифни бариери во прекуграничната трговија. Овој извештај е презентиран пред Националниот комитет за олеснување на трговијата на Република Северна Македонија. Главни резултати што се постигнати на ова поле, во соработка со Советодавното тело се преместување на инспекциските контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство од граничната линија во внатрешните царински испостави. Исто така, извршено е „пречистување“ на списокот на стоки од неживотинско потекло што се предмет на инспекциски контроли со што значително е поедноставена и скратена царинската постапка.

Во процесот на олеснување на трговијата особено внимание посветуваме на малите и средните претпријатија, овозможувајќи тие да бидат најголемите корисници од олеснувањето на трговијата. Полесните, побрзите и поевтините постапки треба да им овозможат на многу компании да вршат меѓународна трговија за прв пат и да се вклучат во глобалните синџири на снабдување.

Како да се зголеми капацитетот и на Царината и на учесниците во царинската постапка пред почетокот на преговори со ЕУ?

За зголемување на капацитетот на Царинската управа и Дигиталната Агенда на Владата на Република Македонија треба да придонесе за зголемување на оперативниот капацитет на Царинската управа и на сите учесници во царинската постапка од минатата година е овозможено користење на Електронско учење, алатка преку  која се достапни 17 курсеви за царинското законодавство и царинските постапки (увоз, извоз, транзит), Овие курсеви се  достапни за сите царинските службеници и за деловната заедница и  ќе им овозможат да се стекнат со потребните знаења за еднообразна примена на царинските постапки и правилно утврдување на вредноста и потеклото на стоките.

Воедно и воведувањето на новиот  Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД), изработен според барањата на Царинските системи во ЕУ и неговото користење кое треба да започне набрзо, сите царински постапки што досега се реализираа на хартија ќе бидат заменети со електронски постапки. Обуката и примената (имплементација) на новиот систем, кој претставува предуслов за понатамошно развивање на дигиталните решенија и услуги, значително ќе се поедностави работата на царинските службеници, граничните агенции и за сите учесници во царинската и надворешно-трговската постапка и ќе се креира поефикасна и модерна царинска околина во согласност со глобалниот развој и дигиталната ера и согласно стандардите кои се применуваат и во ЕУ.

Во насока на зголемување на капацитетот, како и во минатиот период, ќе продолжи користењето на Програмата на ЕУ-  Царина 2020. Во рамки на Програмата на Заедницата ЦАРИНА 2020 во текот на 2018 година, царинските службеници континуирано учествуваа во бројни активности во насока на јакнење на административниот  и оперативен капацитет на Царинската управа, преку размена на експертиза, знаење и искуства со европските земји.
Во рамките на тековниот Твининг проект „Зајакнување на оперативни и институционални капацитети на Царинската Управа“   поддржан од средства на програмата ИПА на ЕУ, кој се реализира  веќе втора година, значителни напори се вложуваат во  областите на: понатамошно усогласување на националното царинско законодавство со законодавството на ЕУ; зголемување на ефикасноста при откривање и спречување на царински измами преку поефикасни и таргетирани контроли; засилување на капацитетите за контроли по царинење и примена на современи лабораториски методи и средства; олеснување на трговијата преку усовршување на анализата на ризик согласно добрите практики и стандардите на ЕУ; како и со набавената нова опрема за царинска лабораторија. Активностите во таа насока ќе продолжат и во наредниот период преку повеќе нови проекти (во рамки на програмата ИПА 2) кои ќе започнат со имплементација идната година, а особено преку проекти  за Подобрување на квалитетот на царинските постапки, како и на царинските контроли и борба против измами и недозволена трговија со стока – Твининг проект

Со кои предизвици се соочува Царината во услови на растечкиот протекционизам во светот, Брегзит…?

Во време кога бројот на патници и обемот на стока во прекуграничната трговија се очекува да растат со засилено темпо, а технологијата го менува економското окружување каде работи Царината, пред Царинската управа се наметнува потребата како да обезбеди брзо и непречено минување преку границата на стоки, патници и средства за транспорт.

Концептот на Дигитални граници е во согласност со улога на Царината во поддршка на остварувањето на целите на Агендата 2030 на Обединетите Нации за одржлив развој. Преку создавање на поле за сите учесници во царинската постапка на поедноставени, стандардизирани и хармонизирани постапки, Царината треба да обезбеди навремена достава на суровини за индустријата, намалување на нелојалната конкуренција и отворање на можности за поголемо учество на малите и средни претпријатија на глобалниот пазар. Овој концепт треба да создаде транспаретни и предвидливи услови за трговијата и олеснување на законската трговија, придонесувајќи за економски раст и создавање на нови работни места.

Преку воведување на концептот на дигитална Царина, ние сакаме да ги редефинираме деловните процеси преку примена на нови технологии и „паметно“ вклучување во глобалниот синџир на снабдување.

Една од активностите за дигитална царина е продолжување и зајакнување на соработката со другите гранични агенции како средство за зајакнување на меѓусебната доверба во нашите напори да се осигура и олесни меѓународната трговија. Технологијата треба да биде главен двигател на дигиталната царина преку која Царинската управа треба да биде подобро опремена со цел да одговори на новите предизвици и можнисти на дигиталното време. Во овие предизвици би ги споменал употребата на технологиите како што се блокчеин, 3Д печатење, клауд компјутинг, вештачката интелегенција, користење на големи податоци и употребата на дронови.

Во однос на Брегзит, со оглед на фактот дека Обединетото Кралство е значаен трговски партнер на Република Северна Македонија (на второ место на листата на најголеми трговски партнери) и втор најголем инвеститор во државата, интересот за регулирање на односите со Обединетото Кралство, по Брегзит е особено значаен за нас. Излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ повлекува потреба од дополнително регулирање на односите меѓу Обединетото Кралство и Р.С.Македонија, конкретно аспектите кои досега беа „покриени“ со договорите меѓу РСМ и ЕУ, како на пример Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Меѓутоа, на државно ниво се остваруваат средби на кои се договараат и се преземаат сите потребни активности за постигнување на прецизни договори со кои би се овозможило извозот на стоки од Република Северна Македонија во Велика Британија да не подлежи на плаќање на царина и обратно, увозот на стоки од Велика Британија во Република Северна Македонија да не подлежи на плаќање на царини и други увозни давачки.

Оваа година Царината е домаќин на светската конференција PICARDна Светската царинска организација. За каков настан станува збор?

Царинската управа ја има честа годинава да биде домаќин на 14-тата годишна конференција PICARD – Партнерство во царинското истражување и развој, во заедничка организација со Светската царинска организација. Конференциите PICARD традиционално секоја година имаат различна земја – домаќин и нудат одржлива можност за мрежно поврзување на царинските администрации, царински експерти, академски партнери, донаторски и меѓународни организации, а притоа промовираат високо ниво на размена на царинско знаење и професионализам и поттикнуваат повеќе академски истражувања на теми релевантни за царината. Дел од темите на кои се фокусирани научните трудови оваа година се: гранична координација и соработка, прекугранична е-трговија, анализа на големи податоци и други теми во насока на олеснување и дигитализација на прекуграничната трговија, патнички сообраќај и транспорт на стоки.

Настанот ќе се одржи во октомври оваа година во Скопје и учество ќе земат околу 200 гости, високи представници на Светската царинска организација, царински експерти и академици коишто ќе презентираат свои истражувачки трудови.

Кои се главните цели на Царината за оваа 2019 година?

Поставените цели за 2019 година се во согласност со стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за финансии. Остануваме посветени на успешна наплата на увозни и други давачки и на растечката улога во областа на безбедноста и сигурноста. Заштитата на здравјето и безбедноста на граѓаните и општеството остануваат една од основните цели, како и борбата против нелегални и забранети активности.

Свесни сме дека подеднакво важни за постигнување и остварување на овие цели е модернизацијата на администрацијата која вклучува развој на ИТ и човечки ресурси, подобрување на условите за работа и одржување на високи стандарди за интегритет на своите вработени.

Затоа, покрај имплементацијата на револуционерниот СОЦДАД што е основа за воспоставување на интерконективност и интероперабилност со системите на Европската Унија, оваа година планираме активно да продолжиме да работиме на имплементација на три нови ИТ системи: Систем за регистрација и идентификација на економските оператори (EORI2), Новиот компјутеризиран транзитен систем (NCTS фаза 5) и Автоматизираниот извозен систем (AES).

Не помалку важно е да напоменам дека ќе продолжиме да применуваме високи стандарди за интегритет во насока на зголемување на ефективноста, ефикасноста и доверливоста на вработените. Преку новиот Закон за акцизите ќе развиваме политики, системи, постапки и инструменти за ефикасна контрола и наплата на акцизните стоки. Ќе работиме на зголемување на ефикасноста на акцизните контроли преку воведување на таргетирани контроли на високоризични акцизни добра. А во периодот што следи ќе ја интензивираме соработката со деловната заедница, соработката со релевантните агенции во земјите на ЕУ и меѓународните институции.

Сето ова треба да ја потврди улогата на Царинската управа како партнер на деловната заедница и промотор на економскиот раст и развој.


Вработените се најважниот фактор за мисијата и угледот на Царината

Вработените во управата, се најважниот фактор за исполнување на мисијата и визијата на Царинската управа. Тие играат значајна улога во остварувањето на целите и зачувувањето на нејзиниот интегритет. Затоа имаме за цел да постигнеме високо ниво на доверба во јавноста преку владеење на правото, еднаквост и праведност.

Професионалност, одговорност, чесност и транспарентност се основните вредности на организацијата. При спроведувањето на законите и правилата, се трудиме секогаш да дадеме квалитетна услуга, преку градење на меѓусебна доверба со надворешните соработници, а внатре во Царинската управа работиме на мотивација и развој на човечкиот потенцијал, зајакнување на тимската работа и корпоративниот дух. Секој вработен е лично одговорен за примена на овие вредности во секојдневната работа, и свесни се дека нивното однесување влијае на угледот на Царинската управа.