Турција е најголем извозник на лешници, цреши, смокви и кајсии во...

Една од водечките земји во Европа и светот во земјоделското производство, Турција е водечки производител и извозник на лешници, цреши, смокви и кајсии.
Според соопштението објавено од Министерството за земјоделство и шумарство само од извозот на овие производи се остварени извозни приходи од 2,17 милијарди долари.
Националниот приход на Турција во земјоделството се зголемил од 6 милијарди долари на 37 милијарди долари во последните 16 години. Во овој период, производството на овошје се зголемило од 13,3 милиони тони на 22,3 милиони тони, производството на зеленчук од 25,8 милиони тони на 30 милиони тони, а производството на земјоделски култури од 58 милиони тони на 64,4 милиони тони.
Вкупното производство на земјоделски култури во Турција, пак, се искачи од 98 милиони тони на 117 милиони тони“, што има влијание и врз зголемување на извозот на земјоделски производи.
Извозот на земјоделски производи од Турција се зголеми на 17,7 милијарди американски долари во 2018 година. При што Турција е светски лидер во производството и во извозот на лешници, цреши, смокви и кајсии.
Турција обезбедува 67% од светското производство на лешник, 26% од светското производство на цреша, 27% од од светското производство на смокви и 23% од светското производство на кајсии.

Турција во просек годишно произведува од 500.000 до 750.000 тони лешници. Помеѓу септември 2018 и мај 2019 година, Турција извезла производи од лешник и лешници вредни 1,4 милијарди долари. Минатата година се произведени 306.000 тони смокви, а од извозот на свежи и сушени смокви Турција остварила прилив од 286 милиони долари.
Турција, минатата година произвела 627.000 тони цреши и имала извоз вреден 162 милиони долари, додека околу 750.000 до 985.000 тони изнесува производство на кајсија, од што Турција лани заработила 294 милиони долари од извоз.
Покрај лидерската позиција во производството и извозот на овие земјоделски производи, податоците покажуваат дека Турција е на второ место во светот според производство на дуња, афион, семе од лубеница и лубеница, на трето место според производство на леќа, фстаци, костен и краставици, а на четвртото место по производство на орев, маслиново масло, јаболко, домат, модар патлиџан, спанаќ и бибер.