СПЕЦИЈАЛНА ЕДИЦИЈА – 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ КОМПАНИИ ВО МАКЕДОНИЈА

“Капитал Медиа Гроуп” ја подготвува традиционалната годишна едиција “КАПИТАЛ 200 НАЈГОЛЕМИ И 200 НАЈУСПЕШНИ” во Македонија, во која ќе биде анализирано работењето на најголемите и најуспешните компании во Македонија.

Во eдицијата ќе бидат рангирани компаниите според вкупните приходи и нето добивката остварени во 2018 година, но во рангирањата ќе бидат вклучени и повеќе податоци за компаниите како вредноста на активата, вредноста на капиталот и уште многу други важни показатели и коефициенти за профитабилноста и успешноста во работењето.

Сите рангирања и показатели, како и секоја година, ќе бидат изработени врз основа на официјални и ревидирани податоци обезбедени од годишните сметки на компаниите.

 

Во едицијата ќе бидат рангирани компаниите според повеќе показатели како на пример:

  • – компании со најголеми приходи
  • – компании со најголем профит
  • – компании кои најмногу вработуваат
  • – компании со најголем капитал
  • – компании со најголема актива

Во едицијата ќе бидат вклучени повеќе текстови, интервјуа со најголемите и најуспешните компании во клучните индустрии, како и повеќе анализи.

 

Во рамките на Едицијата во одделни анализи ќе биде анализирано работењето на компаниите од клучните индустрии:

  • – Прехранбена индустрија
  • – Индустрија за автомобилски делови
  • – Металопреработувачка индустрија
  • – Градежна индустрија
  • – Трговија
  • – Енергетика, нафта и гас