СПЕЦИЈАЛНА ЕДИЦИЈА – ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА

КАПИТАЛ МЕДИА ГРОУП во соработка со домашни аналитичари и експерти ја подготви десеттата по ред годишна едиција ТОП 100 ИЗВОЗНИЦИ 2019.

Во годинешната едиција ги анализираме најдобрите македонски извозно ориентирани компании и индустрии. Тоа се компаниите кои успеваат да произведат производи кои по цена и квалитет се натпреваруваат во светот.

Во време кога на светот му се закануваат трговски и валутни војни, зголемувањето на извозот и наоѓањето на нови извозни пазари станува најголем приоритет за економиите и за државите, поважен од било кога. Но, во исто време предизвиците да се извезува и да се остане конкурентен на светкиот пазар се посложени и побројни.

Податоците докажуваат дека компаниите кои извезуваат остваруваат подобри економски и финансиски резултати, повеќе инвестираат и отвораат нови работни места и многу побрзо и полесно ги надминуваат проблемите и економските кризи.

Оттука, за економиите да продолжат да растат станува клучно важно да се препознаат и поттикнуваат компаниите и индустриите кои имаат потенцијал да извезуваат и да освојуваат нови пазари.

Владата со сите расположиви капацитети мора отворено и организирано да застане зад извозниците и поголемиот и поконкурентен извоз да го стави како врвен приоритет за остварување на поголем економски раст и нови работни места.

Затоа во годинешната едиција ТОП 100 Извозници ќе се обидеме на едно место да ги ставиме идеите и предлозите од извозниците, економските експерти и институциите за тоа како извозот да се направи поконкурентен.

 


АРХИВА НА ЕДИЦИЈАТА ПО ГОДИНИ ВО pdf – формат

ТОП 100 – 2019.pdf

ТОП 100 – 2018.pdf

ТОП 100 – 2017.pdf

ТОП 100 – 2015.pdf

ТОП 100 – 2014.pdf