Се отвори нова извозна фабрика: АТС Груп ќе извезува воена опрема...

Нова современа фабрика за производство на композитни производи наменети за армијата и полицијата во делот на балистичката заштита и безбедност – АТС Груп е отворена денеска во индустриската зона Визбегово кај Скопје. Станува збор за гринфилд инвестиција од три  милиони евра која за почеток овозможува вработување на 80 лица.

Новотворената фабрика АТС Груп во индустриската зона Визбегово кај Скопје ќе произведува композитни производи наменети за армијата и полицијата во делот на балистичката заштита и безбедност. Станува збор за гринфилд инвестиција од три  милиони евра која за почеток овозможува вработување на 80 лица.
Фабриката АТС е дел од АТС групацијата, е опремена со современи машини од најновата генерација за автоматско производство кое гарантира висок квалитет според НАТО стандардите.

Годишниот обрт на производство на компанијата очекува да изнесува 30 милиони евра. Финалниот производ е наменет за извоз на странските пазари пред се во Европа, Турција и Катар.

Фабриката АТС Груп е во сопственост на Шевшет Демировски, кој по повеќедецениска работа во странство одлучил да инвестира во земјава.

“Со влезот на земјата во НАТО, се отвораат бројни можностии перспекитви за зголемувањето на извозот на компанијата”, изјави Демировски.

Премиерот Зоран Заев истакна дека Владата силно го поддржува бизнис секторот, потенцирајќи дека новата фабрика е извозно ориентирана.

“Нашата земја со извесното членство во НАТО на крајот од годината се препознава како стабилна и сигурна бизнис дестинација. Силно ги поддржуваме новите инвестиции и ќе продолжиме да го правиме тоа и во иднина. Фокусот на Владата комплeтно е на поддршка на домашните и странските инвестиции. Извозната активност на компаниите се зголемени и тоа е знак дека економијата силно се раздвижува. Задоволни сме што фабриката која денеска ја отвораме е целосно извозно оринетирана и со тоа ќе партиципира во растот на домашната економија, рече Заев.

Тој изрази благодарност за донацијата од страна на АТС Груп во вредност од 50 илјади евра за Министерството за внатрешни работи, како и донациите што ќе ги додели на Управата за финансиска полиција и Казнено поправната установа Скопје.
Премиерот  Заев воедно информира дека се работи на унапредување на условите за инвестирање во зоната Визбегово, во тек е изградба на водоводна мрежа од 7.300 метри, како и тендер за изградба на канализациска мрежа од 5.300 метри, проекти што се спроведуваат заедно со матичните општини.