Светската економија забавува, не се очекува поскапување на нафтата

 
Меѓународната агенција за енергија (IEA) не очекува значителен раст на цените на нафтата, изјави Фатих Бирол, извршен директор во IEA.
Причина за тоа е забавувањето на побарувачката за нафта бидејќи на глобалниот пазар на црното злато има вишок на понуда.
“Не се очекува дека електричните возила ќе ја погодат побарувачката за сурова нафта во Индија и во другите делови во светот”, изјави Бирол, додавајќи дека тој верува дека побарувачката во Индија ќе продолжи да расте.
IEA ја намалува проценката за побарувачка на нафта за 2019 година поради забавувањето на глобалната економија до кое дојде поради американско-кинескиот трговски конфликт, а можно е таа повторно да се намали ако глобалната економија, а особено Кина, покажува знаци на понатамошно забавување, изјави Бирол.