Раст на БДП од 3,1% во вториот квартал: Трговијата расте, индустријата...

Македонскиот бруто-домашен производ (БДП) во второто тримесечје од 2019 година е зголемен за 3,1%, објави Државниот завод за статистика.
Најголем пораст од 7,5% има во трговија на големо и трговија на мало, во земјоделството има раст од 3,9% и  научни и технички дејности од 3,6 %.
Најголем пад во вториот квартал од 4,6% има во секторот информации и комуникации.  Пад од 2,1% има и во преработувачката индустрија, додека во секторот уметност, забава и рекреација падот е 0,2%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од годинава бележи раст од 2,7%, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 69 проценти.

Бруто инвестициите во вториот квартал се зголемени за 11,1%, додека извозот и увозот на стоки и на услуги се зголеми за 10,2%, односно 10,5%.