Расте извозот на турската автомобилска индустрија во Европската унија

Автомобилскиот сектор, моторот на турскиот извоз, во август оствари извоз од 1,3 милијарди долари во земјите на Европската Унија (ЕУ). Ова е зголемување за скоро 10 % во однос на истиот месец минатата година.
Со учество од 13 % во вкупниот извоз на Турција, автомобилската индустрија е повторно на прво место, достигнувајќи ја втората највисока стапка на раст на извозот во август во својата историја.
Зголемувањето на извозот во земјите на ЕУ е од клучна важност за достигнувањето на најголемата вредност на извозот во август.
Земјите од ЕУ се најаголем извозен пазар за турската авто индустрија со удел од 72% во вкупниот извоз, а пораст на извозот има во 14 од 28 земји членки на ЕУ.