Нуриел Рубини

Трговската војна ја фрла глобалната економија во рецесија

 

НУРИЕЛ РУБИНИ

Нобеловец за економија

 

Ривалството меѓу САД и Кина би можело да биде толку разорно што почнува да ја раздвојува глобалната економија и на крајот може да предизвика рецесија.

Последиците од оваа трговска и технолошка војна, но и студена војна се почеток на де-глобализацијата и раздвојување на глобалната економија. Ќе мораме да го реобновиме глобалниот ланец на снабдување со технологија. И евентуално до следната година, ако ова ескалира, тоа ќе биде глобална рецесија.

САД и Кина неодамна постигнаа навидум примирје во нивната едногодишна трговска војна, откако двете земји воведоа царини за стоки од стоки во вредност од милијарди долари.

Но, моето базично сценарио за овој случај е дека трговската и техничката војна помеѓу САД и Кина ќе се влоши. Индустриското производството е веќе во рецесија на глобално ниво. Тоа влијае на услугите. … Технолошкиот сектор е во застој.

Податоците веќе го покажуваат колапсот. Кога капиталот ќе се намали, тогаш и индустриското производство е намалено и вработувањето е намалено, и имате почеток на глобална рецесија која започнува во технолошкиот сектор, па потоа во производството, за потоа да премине во индустријата и на крај услугите.