Јапонскиот производител на гуми “Toyo Tires” ќе гради фабрика во Србија...

Јапонската компанија Toyo Tire Corporation oодлучи својата прва фабрика во Европа да ја гради фабрика во српската зона Инџија, инвестирајќи 390 милиони евра (434,7 милиони американски долари) во првата фаза на проектот, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Во фабриката е планирано во правата фаза да има 539 вработени.
 „Toyo Tire“ планира да започне со изградба на фабриката во Србија во мај 2020 година, а со производство на гуми да почне во јануари 2022 година, со капацитет предвиден да достигне пет милиони гуми годишно до летото 2023 година”, се вели во писмената изјава на јапонската компанија Toyo.
„Интернетот на нешта (Internet of things – IoT) ќе биде целосно инсталиран во оваа фабрика, која ќе работи како софистицирана паметна фабрика. Toyo ќе го прифати предизвзикот за целосно ново ниво на конкуренто производство, постигнувајќи висок квалитет по ниска цена и планира да понуди деиференцирани и производи со висока додадена вредност за луксузни патнички возила и лесни камиони на и надвор од европскиот пазар “, велат од Toyo Tires.
Србија ги исполнила сите барања за „Toyo Tire“, со оглед на извонредниот ресурс на високо квалификувана работна сила, но релативно ниска плата, интеграцијата на автомобилската индустрија со оглед на тековните инвестиции од странски компании и добрите односи со Јапонија, соопштуваат од компанијата.
„Toyo Tire произведува гуми за европскиот и рускиот пазар во фабриките во Јапонија и Малезија. Од 2022 година, новата производствена фабрика во Србија ќе ја преземе клучна улога во овој поглед“, објаснуваат од Toyo Tire.
Во септември 2019 година, Toyo Tire ќе основа српска подружница, со седиште во Белград, со капитал од 160 милиони евра, што ќе биде активна во производството и продажбата на радијални гуми за патнички возила и лесни камиони, изјави јапонскиот инвеститор.
Србија била избрана како локација за новата инвестиција после три години преговори и во конкуренција со многу земји во централна, источна и јужна Европа, од кои на крајот само Полска и Србија останале во трката.
Изградбата на фабриката, која ќе се простира на површина од 60 хектари, ќе започне во наредните месеци.
Јапонската компанија Тоуо Tire  е основана во 1945 година во Осака и има над 13.000 вработени низ целиот свет.