Македонските туристи сè помалку летуваат на Халкидики

Анализа на Капитал за тоа каде летуваат македонските граѓани последниве години
Македонските туристи сè помалку летуваат на Халкидики, а сè повеќе во другите земји од регионот

 

Од 2015 наваму двојно намален бројот на влезови и ноќевања во соседна Грција

Од грчката официјална статистика се гледа дека бројот на македонски граѓани што влегуваат и престојуваат во оваа земја повеќе денови се намалува последниве неколку години – поточно, ако во 2015 година на влез во Грција биле регистрирани повеќе од три милиони македонски граѓани, нивниот број е намален на 1,19 милиони влезови (анг. arrivals, како што се регистрираат според меѓународните стандарди, н.з.) во 2018 година, или за цели 60%. Бројот на ноќевања што ги направиле македонските граѓани во Грција во истиот период е значително опаднат исто така, и тоа за 43%, се вели во извештаите на централната банка на нашиот јужен сосед, Банката на Грција. И покрај с$, околу половина од македонските граѓани што одат на одмор во странство, тоа го прават во Грција.

Македонските граѓани најмногу патуваат во Грција на одмор, тоа е факт што го покажува и истражувањето на Државниот завод за статистика за патувањето на домашното население (најновото е за 2016 година, а се подготвува на секои пет години, н.з.), каде што во анкетата 53% од испитаниците се изјасниле дека биле на одмор во соседна Грција. Државната статистика не води сметка за тоа каде патуваат македонските граѓани секоја година, односно нема релевантни податоци за тоа како се движи т.н. outgoing туризам на земјава. Но, затоа пак од грчката официјална статистика се гледа дека бројот на македонски граѓани што влегуваат и престојуваат во оваа земја повеќе денови се намалува последниве неколку години – поточно, ако во 2015 година на влез во Грција биле регистрирани повеќе од три милиони македонски граѓани, нивниот број е намален на 1,19 милиони влезови (анг. arrivals, како што се регистрираат според меѓународните стандарди, н.з.) во 2018 година, или за цели 60%.

Бројот на ноќевања што ги направиле македонските граѓани во Грција во истиот период е значително опаднат исто така, и тоа за 43%, се вели во извештаите на централната банка на нашиот јужен сосед, Банката на Грција.
Падот на бројот на ноќевања е помал, затоа што има голем број на македонски граѓани што влегуваат и излегуваат во Грција во ист ден, односно не прават ниту едно ноќевање. Најдрастичен пад на туристичките и другите видови посети на Грција од страна на македонски граѓани имало во 2016 година, кога бројот на влезови е намален за 42%, додека ноќевања биле реализирани за 26% помалку. Само во последните три години бројот на регистрирани влезови од страна на македонски граѓани во Грција е намален за 31%, додека на ноќевањата за 23%.

TurcijaИстовремено, секако паѓа и сумата што ја оставаат македонските туристи во Грција, или ако во 2015 година во графата на т.н. travel receipts било наведено вкупно 247.1 милиони евра, во 2016 година таа сума паѓа на 185 милиони евра, или за 25%, за да во 2108 година изнесува 155,3 милиони евра, или за 37% за четири години. Но, затоа пак, поскапувањата на сместувањето, храната и другите услуги што се случуваат секоја година во Грција, а истовремено намалување на бројот на туристи од земјава, доведоа до тоа просечната потрошувачка по македонски турист или по едно регистрирано влегување да порасне од 81.7 евра во 2015 година, на 131 евро во 2018 година, или за 59%. Просечната потрошувачка пак по ноќевање, според статистиката на Банката на Грција е порасната од 39,7 евра во 2015 година, на 40,5 евра во 2016, па с$ до речиси 44 евра во 2018 година.

36 tБугарите го презедоа приматот од Македонците според бројот на посети на Халкидики

Грците водат детална статистика за туризмот и по региони, односно територијалните единици на нивната земја, каде што македонските граѓани се забележуваат само во статистиката за нивниот регион Централна Македонија, односно за нашите туристи тоа значи Халкидики, Солун и остатокот од Егејска Македонија. Во овој регион од страна на македонски граѓани во 2018 година се забележани 1,15 милиони посети, што е за 24% помалку во однос на 2017, а 30% помалку во однос на 2016 година. Оваа бројка изнесува 97% од вкупниот број на посети од страна на македонски граѓани на Грција.
Македонските туристи, инаку, пред три години имале најголем број на посети од сите останати држави чии што граѓани летуваат на Халкидики и во околината на Солун, додека веќе лани, приматот го презеле Бугарите, чијшто број на посети се зголемил за 32% во истиот период. Во делот на бројот на ноќевања пак, во овој регион на Грција убедливо водат Германците, коишто во 2018 година регистрирале 10 милиони ноќевања, односно 11,1 ноќевања во просек по турист, пред Србите, Романците, итн. Македонските туристи имаат нешто над три милиони посети, или во просек по 2,7 ноќевања од една посета. Најголем број на ноќевања за време од една посета имаат Русите, 12,3.

Што се однесува во потрошувачката за време на престојот, на Халкидики најмногу трошат, исто така, Русите, или во просек по 637 евра во 2018 година, пред Британците со 600 евра, Германците со 578 евра, итн. Македонците на Халкидики трошеле по 129 евра во просек за време на една посета во 2018 година, со што сме подобри само од Бугарите со 84.3 евра, додека Србите трошат во просек по 324 евра, Романците 275 евра, итн. Но, пак, да повториме дека македонските граѓани влегуваат во Грција и на по еден ден, без ноќевање, додека тоа не се случува, секако, со туристите од другите земји, освен веројатно со Бугарија којашто граничи со Грција во делот на Тракија, па затоа и просечната потрошувачка по престој на Србите, на пример, е во толкава мера поголема од онаа на Македонците.

Во другите региони, како што се Северен и Јужен Егеј, Јонски Острови, Атика, итн., македонските граѓани не се забележуваат помеѓу државите од каде што доаѓаат најголем број туристи, а доминираат гостите од В. Британија, Германија, Италија и останатите развиени западни земји, но и од Русија, Полска, итн.

Сите останати земји од регионов освен Грција, бележат раст на бројот на туристи од Македонија

Туристичките работници од земјава велат дека овој пад на посетите на македонските граѓани на Грција последниве 3-4 години се должат на, како што споменавме, континуираното поскапување на услугите во оваа земја, што ги пренасочува македонските граѓани кон конкурентските дестинации, како што е Турција, Црна Гора, итн.

„Турција после политичката криза од 2016 кога имаше голем пад на туризмот, повторно се врати на мапата на светските атрактивни дестинации, и 2017,2018, како и оваа година досега, се гледа голем пораст на бројот на туристи, меѓу кои и на оние од Македонија, секако“, вели Аркан Керим, сопственик на Генералтурист и долгогодишен туристички работник.

Тој додава дека и Египет исто така периодов нуди атрактивни аранжмани за македонските туристи, а секако треба да се спомне и сè поатрактивната Албанија, каде што секоја година одат сè поголем број на туристи од земјава.

Crna Gora“Според некои статистики што ги сретнав на сајтот на општина Саранда, во овој град на јонскиот брег на Албанија во последниве неколку години бројот на македонски туристи е зголемен за дури 400%. Не е ни чудно, со оглед на фактот што четиричлено семејство со деца може да помине десетдневен одмор во Албанија и за 700 евра со сите трошоци, додека во Грција, на пример, нема шанси за такво нешто. Исто така, со сè поголемиот број на евтини летови што од Скопје и Охрид ги нудат нискотарифните авиокомпании, исто така расте бројот на македонски граѓани што наместо во Грција, одлучуваат да заминат на одмор во некоја европска земја каде што не биле досега и сл.“, вели Керим.

Tabeli makedonski turistiАлбанија за жал не води детална статистика за тоа од кои земји доаѓаат туристите, или барем не можевме такво нешто да најдеме на сајтот на нивниот национален завод за статистика за да видиме точно колку се зголемува бројот на посети од Македонија низ годиниве, но затоа од статистички извори на другите земји од регионов се гледа тренд на зголемување на посети на македонски граѓани, како и број на ноќевања.

Па така, во соседна Србија, за три години за 19% е пораснат бројот на влегувања на македонски граѓани, или вкупно 65.557 во 2018 година, додека бројот на ноќевања е зголемен за 29%, на 138.021 од 107.371 во 2016 година.

Tabeli makedonski turisti 1Во Црна Гора, исто така зголемен е бројот на туристички посети на македонски граѓани, за 16% од 2016 до 2018 година, или на 28.738, додека бројот на ноќевања во истиот период е зголемен за само 2,4%, на 158.899, што се објаснува со фактот дека не е мал бројот на македонски граѓани што влегува во Црна Гора, но само како транзит за крајната дестинација хрватското приморје. Во Хрватска пак, нивната официјална статистика ги дава бројките малку позаокружено, па за 2016 и 2017 година стои дека дошле идентичен број туристи од Македонија, 30.000, додека во 2018 нивниот број бил за 20% поголем, односно 36.000. За речиси истиот процент, 21%, е пораснат и бројот на ноќевања од македонски туристи во оваа земја, или од 105.000 во 2016, на 127 илјади во 2018 година.

За Бугарија успеавме да најдеме податоци само за бројот на посети на македонски граѓани, односно регистрирани влезови, а тоа се 609.591 во 2018 година, што е пораст од 8,4% за три години, или 20,4% за четири години, од 2015 – 2018. Во оваа земја, инаку сме четврти на листата според бројот на посети, по туристите од Турција, Грција и Германија.
Во Турција пак, од 2016 до 2018 зголемен е бројот на влезови на македонски граѓани од 146.008 на 209.519, што е високи 43%, но треба да имаме предвид дека 2016 имаше политичка криза во Турција и обид за воен удар, што имаше големо влијание врз бројот на туристи од цел свет во оваа земја.

Исто така, треба да имаме предвид и дека аеродромот во Истанбул е место од каде што македонските граѓани летаат за голем број други подалечни дестинации во Европа, Северна Америка, Блиски Исток, Азија, итн., па во бројката на регистрирани влезови добар процент заземаат и тие патници, коишто не престојуваат всушност во Турција, туку се само во транзит.