Кои се најголемите извозници на млеко?

Вкупниот извоз на млеко на светот лани достигна 28,6 милијарди долари, што е намалување од 1,2% во споредба со минатата година. Извозот на млеко во изминатите пет години е намален за 21,6%.
Ако се гледа по континенти дури 52,5% од извозот на млеко го направиле европски земји. На второ место се Нов Зеланд и земјите од Океанија, со учество 22,5% во вкупниот извоз.
Азија е трет по големина извозник со 12,7% од вкупниот извоз, следи Северна Америка со учество од 6,9% во вкупниот извоз.

Гледано по земји, најголем извозник на млеко во светот е Нов Зеланд со извезено млеко во вредност од 5,5  милијарди долари или 19,3% од вкупниот извоз.
Втор најголем извозник на млеко во светот е Германија со извоз на млеко од 2,8 милијарди долари.
Од земјите во регионот најголем извозник на млеко е Словенија, која лани извезла млеко во вредност од 142 милиони долари и е 29 по големина извозник од свет. Грција е 59 извозник во светот со извезено млеко лани од 23,7 милиони долари.
Македонија е многу мал извозник на млеко. Минатата година сме извезле млеко во вредност од само 4,2 милиони долари, со кои е на 80 место на листата најголеми извозници млеко во светот.