Извозот во Кина во првата половина годинава порасна за 292%, еве...

Иако Кина не е меѓу најголемите извозни пазари иизвозот на македонски производи на кинескиот пазар е многу мал, во првата половина годинава продажбата на овој пазар бележи најголем раст од дури 292%. За првите шест месеци на кинескиот пазар се продадени производи вредни 47,3 милиони евра, што е речиси трикратно зголемување во споредба со истиот период лани кога извозот во Кина изнесувал само 12 милиони евра.
Ако се анализира извозот во првите шест месеци годинава најголем дел од него отпаѓа на извозот на феролегури, чија вредност достигна 32,7 милиони евра. На извозот на феролегурите отпаѓа дури 70% од извозот на Кина. Следна најголема ставка во извозот во Кина е мермерот, каде во првата половина годинава се продадени речиси 13 милиони евра.
Следи извозот на вино и во првите шест месеци годинава на кинескиот пазар е продадено вино во вредност од 842 илјади евра. Близу 290 илјади евра изнесува извозот на електрипчни машини и опрема, од кои најголем дел отпаѓа на изолирани жици.
Во Кина годинава сме извезле и рачни и џебни часовници во вредност од 283 илјади евра. Околу 90 илјади евра изнесува извзот на делови за шински возила, вокои спаѓаат сопирачките за возови кои се произведуваат во земјава.
Во минатата 2018 година во Кина сме имале извоз од 56 милиони евра, а во 2017 година извозот изнесувал 55,7 милиони евра, додека во 2016 година извозот бил 43 милиони евра.