За пет месеци извозот на македонски јаболка надмина 9,9 милиони евра

Извозот на свежи јаболка од Македонија во првите пет месеци достигна 9,9 милиони евра (11,2 милијарди долари), со што веќе е надминат вкупниот извоз на јаболки остварен минатата година.
Наголем дел од извозот на јаболки е остварен во Русија. Меѓу поголемите извозни пазари за македонските јаболки се Косово, Бугарија, Србија, Црна Гора и Романија.

Во текот на целата измината 2018 година од извозот на јаболка се остварени извозни приходи од 8,3 милиони евра (11,2 милиони долари) според кои Македонија е на 37 место на листата најголеми извозници на јаболка.

Јаболката се второ најизвезувано овошје од Македонија, после свежото грозје. Вкупниот извоз пак на македонско овошје и зеленчук лани ознесуваше 146 милиони евра.

Глобалните продажби на јаболка во 2018 година изнесувале 7,5 милијарди долари. Ако се гледа по континенти најголем извозник на јаболка е Европската унија со извоз вреден 2,9 милијарди долари во 2018 година или 38,9% од вкупните продажби на јаболка на светско ниво.

Азиските земји се втори со 23,4% од вкупниот светски извоз, додека 14% од продажбите на јаболка биле од Северна Америка.

Ако се гледа по земји најголем извозник на јаболка е Кина со извоз од 1,3 милијарди долари во 2018 година, а по неа се САД со извоз од 1 милијарда долари.

Италија е најголем извозник на јаболка од ЕУ со извоз од 814,7 милиони долари.
Најголем раст на извозот на јаболка од дури 129% во изминатите четири години имала Турција, која лани извезла јаболки во вредност од 94,6 милиони долари според што е 14 најголем извозник на јаболка во светот.

Меѓу 10-те најголеми извозници на јаболка се и Чиле, Франција, Нов Зеланд, Холандија, Јужна Африка, Полска и Јапонија.