ЕУ e светски најголем извозник на храна, со извоз од 138...

Европската унија уште една година ја потврди својата позиција како најголем глобален извозник на земјоделско-прехранбени производи, при што извозот на ЕУ достигна 138 милијарди евра во 2018 година.
Земјоделските производи претставуваат солиден удел од 7% од вредноста на вкупните производи од ЕУ извезени во 2018 година, рангирајќи се на четвртото место после машините, другите произведени производи и хемикалиите. Земјоделството и индустриите и услугите поврзани со храна заедно обезбедуваат скоро 44 милиони работни места во ЕУ.
Синџирот за производство и преработка на храна учествува со 7,5% во вработеноста и 3,7% во вкупната додадена вредност во ЕУ.
„Пазарно ориентирана Заедничка земјоделска политика даде пресуден придонес за успехот на ЕУ во трговијата со земјоделски производи. Репутацијата на ЕУ за безбедни, одржливо произведени, хранливи и квалитетни производи е победничка формула на глобалниот пазар. Европската Комисија е тука да им помогне на производителите да ги искористат можностите ширум светот, а истовремено секогаш грижејќи се нашите чувствителни сектори да имаат доволно заштитени“, изјави Фил Хоган, комесар за земјоделство и рурален развој на ЕУ.
Топ пет дестинации за земјоделско-прехранбените производи на ЕУ продолжуваат да бидат САД, Кина, Швајцарија, Јапонија и Русија. На овие пет пазари се пласира 40% од извозот на ЕУ.
Покрај преговорите за трговски договори што овозможуваат дополнителни можности за земјоделците во ЕУ, Европската комисија им помага на извозниците на ЕУ да влезат на нови пазари и да имаат корист од деловните можности преку активности за промоција.
Во 2018 и 2019 година, комесарот Хоган во придружба на производители на ЕУ отпатува за Кина, Јапонија и Обединетите Арапски Емирати.
Вината и вермутот продолжуваат да доминираат во групата на извезени производи со алкохол. По нив следат, извозот на храна за новороденчиња и разни препарати за храна, чоколадо, тестенини и тесто.
Во однос на увозот, во Извештајот се заклучува дека ЕУ стана вториот најголем увозник на земјоделско-прехранбени производи со увоз вреден 116 милијарди евра во 2018 година. Со ова, ЕУ во трговијата со земјоделско-прехранбени производи има вишок од 22 милијарди евра.
Во увозот доминираат три типови на производи, а тоа се производи кои не се произведени во ЕУ, како тропско овошје, кафе и свежо или сушено овошје, кои учествуваат со 23,4% во увозот во 2018 година.
Производи наменети за добиточна храна кои имаат учестви од 10,8% и  производи што се користат како состојки за понатамошна обработка (како што е палмино масло).
Увозот на земјоделско-прехранбени производи од САД бележи најголем раст во 2018 година, со зголемување од 10%, што ја прави оваа земја најголем снабдувач на ЕУ со земјоделско-прехранбени производи од увоз.