Преминот Табановце – Прешево од денеска ќе се поминува со едно...

Граничниот премин Табановце – Прешево од денеска ќе се поминува со едно чекање на заедничката испостава што ја воспоставија граничните служби од Северна Македонија и од Србија со проектот за интегрирано гранично управување „One stop shop” на овој премин.
Стартот на работата на новиот интегриран граничен премин меѓу Србија и Северна Македонија го одбележаа премиерот Зоран Заев и неговата српска колешка, Ана Брнабиќ, кои на денешната свеченост на меѓуграничниот простор порачаа дека двете држави со оваа новина го забрзуваат протокот на патници и стока, времето на чекање се намалува двојно, а се отвора и можност за подобра соработка на бизнис заедницата и интеграција на регионот.
“Исполнуваме уште обврска од проектот за интеграција на Северна Македонија и на Србија на регионално и на европско ново – заедничкиот граничен премин Табановце – Прешево кој предвидува заеднико управување на граничните и царинските контроли со едно застанување. Овој проект значително придонесува кон развивање на регионалната економска соработка на Западен Балкан дефиниранана Самитот во Трст од јули 2017 година, и што е особено значајно претставува уште една круна на пријателството и добрососедството помеѓу двете држави”, рече премиерот Заев.
Тој потенцираше дека по целосното завршување на патната инфраструктура на двете страни од автопатот, изградбата и проширувањето на царинскиот терминал на овој граничен премин ова е последната фаза од создавањето услови за поголема размена на стоки и полесно движење на граѓаните.

Изјави Брнабич и Заев

Geplaatst door MИА.mk op Maandag 26 augustus 2019

Според Брнабиќ, двете држави први воспоставија заедничко гранично упрaвување во овој дел на Европа. Новиот едношалтерски заеднички граничен премин на границата меѓу Србија и Македонија, како што нагласи Брнабиќ, ќе овозможи побрз проток на товарните возила и претставува сигнал којшто треба да ја охрабри регионалната трговија и трговската размена.
Преку ГП Табаноце лани поминале околу 200 000 камиони, што е една четвртина од вкупниот промет на товарни возила. Се очекува, истакна Заев, тој годинава да се зголеми за 30% и да достигне 260.000.
Намаленото време на поминување на границата ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи меѓу двете држави и на транзитните, а на деловните луѓе за половина ќе им се скрати времето на царинските постапки, контролите ќе се вршат на едно место од страна на царинските служби, предвидено е меѓусебно признавање на сертификатите на граничните агенции, ќе се намали можноста за царински измами.