Голем пад на продажбата на автомобили во светот

Продажбата на автомобили во светот во првата половина од годинава е намалена за 7,1% во споредба со истиот период во минатата година.
Податоците покажуваат дека речиси сите значајни пазари се во пад, а раст е регистриран само во Бразил, Литванија и Романија.
Оваа година се продадени 3,1% помалку автомобили во Европа, додека во Кина – дури за 14 % помалку.
Во Кина се продадени 1,6 милиони помалку автомобили што може да предизвика големи проблеми за речиси сите производители кои последниве години инвестирале во Кина, очекувајќи брз раст на продажбата.
Голем пад на продажбата на автомобили има и во Индија за 10,3%. Намалена е побарувачката за автомобили и во САД, Русија, Јапонија и други земји.