Алкалоид со дополнително вложување во друштвото кое го поседува во Словенија

Фармацевтската компанија Алкалоид АД Скопје информира дека е реализирано дополнително вложување во Република Словенија Алкалоид АД Скопје изврши дополнително вложување во постојното друштво во Република Словенија, по пат на зголемување на основната главнина.
“Вложувањето се изврши во АЛКА-ЛАБ ДОО Љубљана, каде што се вложени 400 илјади евра наменети за проширување на капацитетите на хемиската лабораторија за тестирање на лекови, информираат од Алкалоид.
Друштвото во Словенија е 100% сопственост на Алкалоид АД Скопје.
Со оваа инвестиција Алкалоид АД Скопје ги продолжува активностите за понатамошно ширење на своите операции на пазарите на земјите членки на Европската унија, како и зајакнување на постојните позиции на овие пазари.
Алкалоид досега има основано 18 подружници, а покрај во Словенија, компанијата има подружници во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Швајцарија,Русија, Украина, Турција, Албанија и САД.
Според ревидираниот извештај за 2018 година , Алкалоид во своите подружници досега има инвестирано над 6 милиони евра.